Општина Дојран започна со санирање на оштетените делови од пешачко - рекреативната патека покрај Дојранското крајбрежје.
Патеката е во видно лоша состојба поради надојдената вода и временските непогоди кои во неколку наврати му се случија на Дојран, но и поради лошата изработка.
Во овој момент се врши санирање на еден дел од патеката за да се стави повторно во функција во интерес на посетителите и оние кои сакаат да се рекреираат покрај езерото. Дел од оваа патека во наредниот период ќе биде отстранета заради отварање нови плажи.
Општина Дојран е во интензивни подготовки за претстојните Велигденски празници кога се очекува зголемен број на посетители.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

ПРИЕМНИ ДЕНОВИ

Е-ИНФОРМАТОР