Продолжениот велигденски викенд ќе го наполни Дојран. Скоро сите сместувачки капацитети во хотелите веќе се резервирани, а  голем интерес има за привантото сместување, посебно за викенд куќите. Проценките на локалната самоуправа велат дека за време на овој  празничен викенд во Дојран ќе престојуваат помеѓу 10 до 12 000 туристи. Покрај домашните се очекува и зголемен број и на странски туристи.

- Најголемиот број на посетители се очекува да бидат од нашата држава, но очекуваме и зголемен број на странски туристи од соседните Република Србија и Република Грција.  Велигденските празници секако се предвесник за целата летна туристичка сезона, па така ќе се обидеме општина Дојран следните празници да ја прикажеме во најубаво можно светло, вели Магдалена Ангова од општина Дојран.

Во текот на следните три дена се очекува и зголемување на бројот на еднодневните туристи кои доаѓаат на прошетки покрај езерскиот брег и посета на рестораните без да останат на ноќевање. Најчесто тоа се гости од Грција, но и од околните градови.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

ПРИЕМНИ ДЕНОВИ

Е-ИНФОРМАТОР